
Работнички ја оствари првата победа во новиот шампионат, а се чини дека ја пронајде и адекватната замена за младиот Давид Тошевски кој направи трансфер во рускиот Ростов. Новото напаѓачко име од кое ќе се бараат голови во клубот од Дебар Маало е Фахрудин Ѓурѓевиќ, а тој веднаш одговори на вистински начин – со два гола за триумф (2-0) против Беласица.
Одличен тајминг, висок скок, „убиствен“ шут со глава.
Ќе рече некој, два гола, ама сепак против Беласица. Во првото коло примија шест дома од Силекс. Но, Фахрудин Ѓурѓевиќ со играта го заслужи епитетот за најдобар фудбалер на второто коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
