Македонскиот “лав” Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо на Олимписките Игри во Токио. Ова е најголемиот успех за македонскиот спорт од независноста, а Дејан Георгиевски е првиот роден Македонец кој носи олимписко сребро.
Тој во големото финале во категоријата над 80 килограми загуби од Владислав Ларин од Русија со 15-9.

По првата рунда Ларин имаше водство од 2-0, а потоа се разгоре финалето и втората донесе многу поени (9-7), но и понатаму предноста беше за противникот.
Во третата решавачка рунда сепак Владислав Ларин успеа да направи голема предност и славеше со 15-9.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













