Во крајно позитивна атмосфера фудбалерите на Шкупи денеска патуваат за Баку, Азербејџан каде утре ги очекува натпреварот со Нефчи од првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
По одличниот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, чуварот на мрежата на чаирчани, Кристијан Наумовски, верува дека во ист стил ќе се продолжи и во Баку без разлика на фаворитската улога на Нефчи.
„Не очекува многу тежок противник. Знаеме дека Нефчи е квалитетен тим, можеби неатрактивен, но пред ждрепката некако го посакувавме токму овој тим. Изминативе денови детално го анализиравме противникот, сите негови позитивни страни и слабости. Па, максимално фокусирани сме на мечот на кој секако мора да дадеме максимум доколку сакаме позитивен резултат. Тоа не краси на почетокот од сезоната, без разлика против кој противник играме. Така ќе биде и во Баку каде ќе го дадеме максимумот за да го изненадиме домаќинот“ – вели Наумовски.
Натпреварот меѓу Нефчи и Шкупи се игра утре од 18 часот на „8 КМ“ стадионот во Баку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













