Новиот прволигаш Брегалница со победа ги заокружи подготовките на Златибор, триумфирајќи против српскиот прволигаш Бачка Паланка со 2-1. Штипскиот тим поведе со голот на Мартин Стојанов уште во 13. минута. Во продолжението израмнета игра, со континуирана контрола на играта во средниот ред на составот на Марјан Секуловски.
Брегалница ја удвои предноста во 72. минута со голот на кадетскиот репрезентативец Љупче Кудев. Бачка Паланка сепак постигна почесен погодок четири минути подоцна.
Брегалница денешниот натпревар го почна натпреварот во следниот состав: Денковски, Манев, Маневски, Азиновиќ, Мојсов, Бакрачески, Дујовски, Минчев, М. Стојанов, Додев и Ѓокиќ.
Утре тимот на Брегалница се враќа во Македонија каде ќе биде реализирана последната фаза од подготовките пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













