Connect with us

Меси го остави славјето за да го утеши расплаканиот Нејмар (ВИДЕО)

Аргентина синоќа на „Маракана“ го победи Бразил со 1-0 во финалето на Копа Америка и со тоа стигна до првата титула по 1993 година.


Единствениот гол го постигна Анхел Ди Марија по катастрофалната реакција на бразилската одбрана, а Лионел Меси го освои првиот трофеј со Аргентина во кариерата.


Веднаш по завршувањето на натпреварот започна големо славје на Аргентинците. Во еден момент Меси забележа како поминува расплаканиот Нејмар и веднаш отиде во негова прегратка. Меси долго време го тешеше својот поранешен соиграч од Барселона кој не можеше да ги сокрие солзите поради загубата на финалето на домашен терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови