Лионел Меси продолжува со своите импресивни настапи во дресот на Интер Мајами во МЛС лигата.
Овојпат аргентинската ѕвезда беше немилосрден кон Нешвил, постигна два гола, притоа запишувајќи и една асистенција во триумфот од 4-0.
Меси го отвори резултатот во десеттатата минута со својот препознатлив удар со левата нога, а потоа постигна уште во 39. минута.
Но, тука не застана — ја запиша и својата 400. асистенција во професионалната кариера, станувајќи првиот играч во историјата на спортот што го постигнал тој подвиг.
Меси изведе одлично додавање до соиграчот Алиенде, кој во 76. минута го постави конечниот резултат, 4-0.
Со овој настап и асистенција, Меси стигна до 1133 натпревари во кариерата, со 894 постигнати голови и 400 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













