Најтрофејниот македонски клуб Вардар во финишот го скрши отпорот на Тиквеш и славеше со 3-1, враќајќи се на првото место на табелата пред репрезентативната пауза.
Ворен Чимбембе го отвори резултатот во корист на Вардар, а Тиквеш израмни од пенал во 45.минута преку Иван Ивановски. Најстрогата казна беше досудена по реакција од ВАР собата.
Вардар во вториот дел создаде неколку шанси, а во финишот дојде и до триумф. Едиз Спахиу во 81.минута погоди за 2-1, а четири минути подоцна Мато ги потврди трите бода.

Пелистер на домашен терен ја победи Брера со 1-0 и освои три важни бода во трката за опстанок. Вилдан Керим во 21.минута беше стрелец на победничкиот гол за „зелените“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













