Руи Кошта ќе биде претседател на Бенфика и во следните четири години. Според официјалните информации од клубот, актуелниот лидер на „орлите“ добил 65,89% од гласовите во вториот круг од изборите и си обезбеди втор последователен мандат.
Жоау Нороња Лопеш малку го подобри својот резултат во споредба со првиот круг, но остана со 34,11% поддршка.
„Многу сум среќен, пред сè поради огромната излезност меѓу навивачите на Бенфика“, изјави Руи Кошта, цитиран од „А Бола“.
„Ова беше победа за Бенфика — првата голема победа е токму овој импресивен број гласачи, што ме прави горд што сум дел од овој клуб. Имам големи амбиции и силна желба да направам сè како што треба и да го променам тоа што не функционира“, истакна легендарниот португалски фудбалер, кој сега е на кормилото на Бенфика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













