Македонскиот прволигаш Ренова се засили со дефанзивецот Медин Бајрами. Тој доаѓа од Беласица каде играше последната сезона, а претходно ги бранеше боите на Марибор, Драва, Илирија и на Кршко.
„Гипсарите“ значително го реновираа составот во овој летен преоден рок откако едвај изборија опстанок во бараж – мечот против Охрид, дури по изведување пенали. Досега Ренова доведе неколку засилувања, голманот Алексовски, потоа Ристески, Серафимовски, Борха, Ајрулаху, Алексовски и Илиески.
Ренова првиот дел од подготовките го реализира во Тетово, а потоа ќе замине во Охрид каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













