Connect with us

Шкупи, Силекс и Струга Трим Лум ги чекаат ривалите во Конференциската лига

Македонските претставници во Конференциската лига денеска (13 часот) ќе ги добијат ривалите во новото европско натпреварување.


Шкупи е носител и ќе добие за нијанса послав противник, а можни ривали му се Урарту (Ерменија), Сфинтул Џорџ (Молдавија), Динамо Батуми (Грузија) и Љапи (Косово).


Силекс кој испадна од елитата и има комплетно реновиран тим, може да се сретне со тимот на Висар Муслиу, МОЛ Фехервар (Унгарија), како и со Сутјеска (Црна Гора, Петрокуб Хинцести (Молдавија) и Широки Бријег (БиХ).

Струга Трим Лум ќе дебитира на еврооска сцена, а можни противници се Дандалк (Ирска), Спартак Трнава (Словачка), Лиепаја (Летонија), Рунавик (Фарски Острови, Бреидаблик (Исланд).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови