
Македонските фанови кои ќе ја бодрат фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство, во Букурешт ќе треба да одвојат 8 евра (40 леи) за брзи антигенски тестови за да добијат слободен пристап до трибините на Националната Арена. Без ваков тест, бадијала е билетот за влез на стадионот, тоа нема да биде овозможено.
Навивачите ќе мора 24 часа пред натпреварот да дојдат до алка која ќе им биде поставена на раката откако ќе го минат брзиот антигенски тест. Низ Букурешт ќе бидат отворени поголем број пунктови за ваква намена.

На стадион ќе може да влезат и сите вакцинирани со примена втора доза на вакцина, со доказ дека е добиена десет дена пред почетокот на натпреварот. Исто така „пас“ за влез на стадионот ќе имаат и сите со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, како и сите кои прележале Ковид-19 од 15 до 90 дена претходно.
Оние што имаат документ за вакцинација, прележан Ковид-19 не постар од три месеци или негативен ПЦР-тест ќе платат само едно евро (5 леи) за процедурата за добивање на алка за слободен пристап на стадионот.
Оваа „здравствена алка“ ќе мора да се носи постојано како доказ дека секој што е влезен на Националната арена во Букурешт е безбеден за останатите навивачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski