
Македонија конечно може слободнио да дише, а му олесна и Енис Барди. Од денеска е заедно со соиграчите, го доби толку очекуваниот негативен ПЦР – тест и го остави коронавирусот зад себе, па сега има неколку дена за да се подготви подобро за настап на Европското првенство.
Репрезентативецот на Македонија и фудбалер на Леванте на социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за огромната поддршка.
„Ви благодарам на сите за пораките за побрзо оздравување како и за поддршката што ми ја дадовте овие денови. Се чувствувам одлично и многу брзо ќе се видиме на Европско првенство. Ви благодарам уште еднаш“, напиша Енис Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal