Connect with us

Ангеловски: Добредојде дома Енис Барди!

Енис Барди конечно може да се приклучи на останатиот дел од А – репрезентацијата. Фудбалерот на Леванте денеска го доби толку очекуваниот негативен ПЦР – тест, успеа го надмине Ковид-19 и сега ќе биде дел од селецијата. Беше изолиран речиси две седмици во хотелската соба чекајќи го знакот дека веќе не е позитивен на коронавирусот.

„Добредојде дома Енис Барди“, му порача селекторот Игор Ангеловски.

Ова е секако најубавата вест од македонскиот национален тим кој се подготвува за заминување за Букурешт. Патувањето е закажано за 8 јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови