Копа Америка 2021 година треба да започне за 13 дена, а би можел да се одржи дури и во Соединетите Американски Држави. На Колумбија одамна и беше одземено домаќинството, а откажа и Аргентина поради пандемијата на коронавирусот. Сега се разгледуваат неколку опции.
Првата е да се даде турнирот на Чиле и Парагвај. Оваа опција изгледа подобро бидејќи Чиле има добра состојба со коронавирусот и вакцинацијата напредува добро. Сепак, во Парагвај ситуацијата сега е слична на Аргентина, на која и беше одземена организацијата на натпреварувањето токму поради проблемите со Ковид-19.
Друга опција е да се премести турнирот во Северна Америка, поточно во САД. Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) првично сакаше да биде домаќин на турнирот во Јужна Америка, па на почетокот дури и не ја разгледуваше оваа можност. Иако Јужна Америка останува приоритет, сепак се разгледува и можност САД да се домаќини.
Постои можност и за откажување на турнирот, вторпат по ред. Купот на Америка не се одржа ниту во 2020 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













