
Потврдата за враќањето на Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус по пауза од две години треба да пристигне во текот на денешниот ден, а италијанските медиуми веднаш почнаа со шпекулациите околу можните засилувања и заминувања од клубот во текот на летниот преоден рок.
Во последните неколку недели, Џорџо Кјелини беше поврзуван со преселба во Соединетите Американски Држави, каде за неговите услуги е заинтересиран Синсинати од МЛС – лигата. Сепак, искусниот дефанзивец ќе остане член на “старата дама” уште една сезона, известува “Скај Италија”. Алегри побарал од капитенот на клубот да потпише продолжување на тековниот договор на уште една година, односно до лето 2022 година.
Се вели дека италијанскиот тренер го цени присуството на Кјелини повеќе од кој било друг фудбалер. Исто така, тој би можел да остане и да игра клучна улога на ментор на Матијс де Лихт. Со оглед на фактот што ветераните како Кјелини и Бонучи се веќе на залезот на своите кариери, се очекува токму холандскиот репрезентативец да ги наследи како столб во одбраната на “бјанконерите” во блиска иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
