Барселона му понудила нов договор на Лионел Меси, со оглед на тоа што тековниот договор на ѕвездата на “Камп Ноу” истекува на 30 јуни. Поради тоа, каталонскиот клуб одлучил да не губи време чекајќи и му ја претставил понуда на Меси.
Сепак, Аргентинецот нема да одговори се додека не биде известен за плановите на Барселона за идната сезона, тврдат шпанските медиуми. Познато е дека ѕвездата отсекогаш велела дека сака атрактивен проект кој ќе и овозможи на Барса повторно да се натпреварува за големи трофеи.
Меси моментално е на интернационална должност со Аргентина, која ги продолжува подготовките пред Копа Америка ова лето, што може да биде шанса за 33-годишниот фудбалер да ја подигне својата прва важна титула во репрезентативниот дрес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













