Connect with us

Пелистер сака победа над Силекс, Работнички оди да ја освои Струмица

Пелистер долго време не знае за првенствена победа и сака да стави крај на „посниот“ период на денешниот дуел против Силекс под „Тумбе кафе“. Кратовци исто така се во лоша низа, па Љавдрим Фазлиу се надева дека „зелените“ ќе успеат да стигнат до трите бода. 

„Не очекува тежок натпревар со Силекс, во кој ние треба да сме тие што ќе се радуваат на крајот. Време е да победиме и со три бода да ја вратиме атмосферата во клубот, како и самодовербата. Доколку оставиме срце на терен, трите бода остануваат во Битола”, порачува офанзивецот на Пелистер. 

Силекс исто така сака прекин на лошата низа во Битола. 

И Работнички е тим кој не знае за триумф подолг период, се специјализира за ремија, а во последното коло загуби од Македонија ЃП на домашен терен. Сега избраниците на Ратко Достаниќ треба да се „вадат“ на гостувањето кај Беласица, која нареди две последовни победи. 

Ренова со новиот тренер Ќатип Османи на кормилото ќе се обиде да тргне нагоре на првенствената табела. Но, Борец е цврст ривал кој нема лесно да ги препушти бодовите. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови