
Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум го потврди трансферот на младинскиот репрезентативец Блертон Шеји во Шкупи. За сума од 70.000 евра тој се сели во клубот од Чаир.
Блертон Шеји ќе потпише тригодишен договор со Шкупи.
„Блертон Шеји во новата сезона ќе игра за ФК Шкупи. 21-годишниот фудбалер кој беше дел од најславната историја на нашиот клуб, вклучувајќи го и пласманот на европска сцена неодамна, во соработка со клупските челници реши да го направи овој чекор во кариерата. Со оглед на тоа што Шеји беше под договор со Струга Трим Лум, раководството на ФК Шкупи ја плати отштетната клаузула.Шеји со ФК Шкупи потпиша тригодишен договор и ние како клуб му посакуваме успех во новата средина“, истакнаа од Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
