
Македонскиот прволигаш Шкупи ја раскина соработката со напаѓачот Реџиналдо. Тој дојде како големо засилување, но на теренот не покажа врвни карактеристики.
Интернационалецот од Мозамбик на 14 натпревари даде два гола и запиша две асистенции, а новиот тренер Гоце Седлоски по доаѓањето постојано нагласува дека на тимот од Чаир му е потребен квалитетен напаѓач. Очигледно ќе го побара во летниот преоден рок и отвори место за ново засилување.
За разлика од Реџиналдо, Шкупи одлучи да го откупи договорот на Фреди Алварез кој потпиша за наредните две години. Шкупи се подготвува за настап во Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
