
Македонските прволигаши кои обезбедија пласман во европските купови, добија лиценца за настап во натпреварувањата на УЕФА, информира ФФМ. Шампионот Шкендија, освојувачот на Купот, Силекс, како и Шкупи и Струга Трим Лум, ги исполниле условите за настап на меѓународна сцена.
Одделението за лиценцирање информира дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 во кој се пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите: ФК Академија Пандев АД – Струмица, ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје, ФК Работнички АД – Скопје, ФК Ренова АД – с.Џепчиште, ФК Силекс АД – Кратово, ФК Струга ТримЛум АД – Струга, ФК Шкендија АД – Тетово, ФК Шкупи 1927 АД – Скопје.
Комисијата за лиценцирање при ФФМ не издаве лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на испаднатите ФК Беласица АД – Струмица, ФК Вардар АД – Скопје и ФК Пелистер АД – Битола.
ФК Борец 1919 АД – Велес се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/22.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
