Роберт Левандовски го изедначи легендарниот рекорд на Герд Милер од 1972 година во последното коло од Бундес – лигата ќе има можност да го урне. Тој им одговори на сите Германци кои се против соборувањето на рекордот на Герд Милер.
Левандовски стигна до 40.гол во претходното коло и со тоа го изедначи рекордот на Милер, кој постигна 40 гола во Бундес – лигата во сезоната 1971/72. Но, Полјакот има добра шанса да постави нов рекорд во последното коло против Аугсбург.
Дел од германската јавност смета дека Левандовски треба да остане на 40 гола и дека не е во ред да се руши рекордот на легендата на Баерн Минхен. Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман зборуваше отворено за ова.
„Од почит кон Герд Милер, Левандовски не треба да игра против Аугсбург“, рече Хаман.
Левандовски со месеци го бркаше рекордот на Мулер, а во тоа не го спречи ниту повредата поради која пропушти неколку натпревари во Бундес – лигата.
„Не сум ни свесен дека се соочувам со нешто толку големо. Никогаш не верував дека можам да го соборам тој рекорд. Но, рано е да се размислува за рушење на тој рекорд сега, треба прво да се фокусирам на натпреварот. Ќе играм мирно и без премногу притисок, иако знам дека многумина чекаат да постигнам гол. Ќе се исклучам и нема да размислувам за тоа, но дефинитивно ќе дадам се од себе да постигнам барем еден гол“, изјави Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













