Првакот Шкендија ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите и следната сезона. Првото коло стартува на 6/7 јули, а Шкендија условно би можела да биде без капитенот Егзон Бејтулаи доколку македонскиот национален тим дотурка далеку на Европското првенство.
Групната фаза трае од 11 до 23 јуни и тешко е да се очекува дека тој веднаш ќе се приклучи на составот на Шкендија со оглед дека ќе му следува заслужен одмор.
Поради преструктуирање на европските купови, Шкендија започнува од 1. квалификациско коло, но заедни и со клубови како Олимпијакос, Динамо Загреб, Црвена звезда кои инаку би биле вклучени во 2. квалификациско коло.
Шкендија е меѓу носителите во првата квалификациска рунда заедно со Динамо Загреб (Хрватска), Олимпијакос (Грција), Црвена Звезда (Србија), Лудогорец (Бугарија), Малме (Шведска), Клуж (Романија), Легија Варшава (Полска), Шериф Тираспол (Молдавија), Ференцварош (Унгарија), Слован Братислава (Словачка), Динамо Тбилиси (Грузија), Жалгирис (Литванија).
Потенцијални ривали на Шкендија се Рига (Летонија), Хелсинки (Финска), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азарбејџан), Шамрок Роверс (Ирска), Конахс Куеј (Велс), Валур (Исланд), Бодо (Норвешка), Хамрун (Малта), првакот на Албанија, првакот на Северна Ирска.
Се уште не е одреден статусот на Флора Талин (Естонија), Будуќност (Црна Гора), Каират Алмати (Казахстан), Линколн Ред Имперс (Гибралтар), шампионот на Израел, шампионот на Словенија, шампионот на Луксембург, шампионот на БиХ, шампионот на Ерменија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski