Новиот италијански првак Интер в недела ќе добие дозвола за прослава на шампионската титула на „Џузепе Меаца“ со илјада фанови. Само најголемите среќници ќе имаат можност да влезат на трибините и да ја прослават титулата која Интер ја освои по цели 11 години.
Покрај тоа, ќе има дозвола и за 4.500 фанови кои ќе можат да останат пред стадионот. Најверните фанови ќе останат непосредно пред стадионот, ќе ги поздрават фудбалерите и ќе имаат можност да прослават, но со строга примена на протоколите за заштита од корнавирусот. Сето ова ќе биде дозволено на вкупна површина од околу 19.000 метри квадратни околу стадионот „Џузепе Меаца“.
Интер в недела ќе го пречека Удинезе во 15 часот, додека сите останати мечеви ќе бидат во вечерен термин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













