Шкендија синоќа доживеа минимален пораз од 0-1 на домашен терен против Карабах од Азербејџан, во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Натпреварот го одбележа и инцидент на трибините, и покрај претходните апели на клубот и сопственикот Лазим Дестани, кои повикаа на фер и спортско навивање, без политички пораки. Дел од најрадикалните навивачи сепак скандираа политички пароли како „Илирида“ и „Голема Албанија“, што предизвика реакција од надлежните институции.
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека е покрената постапка врз основа на видео-снимки од натпреварот. Случајот се води во координација со Јавното обвинителство, а истрагата е насочена кон утврдување на можни кривични дела поврзани со ширење националистички и ксенофобични пораки.
Ова е втор случај во краток период кога МВР реагира на националистичко однесување на спортски настан. Слична постапка беше отворена и по кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија, кој се одигра во Куманово.
ФФМ и безбедносните служби повторуваат дека политичко и недолично однесување на спортските терени нема да се толерира, а санкциите ќе бидат строги за сите кои го нарушуваат фер-плејот и јавниот ред.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













