Реал Мадрид се соочува со сериозна пречка во обидот да го ангажира португалскиот репрезентативец и играч на ПСЖ, Витиња. Како што пренесува „Фут 1“, раководството на францускиот шампион поставило висока цена од 130 милиони евра за еден од своите најдобри фудбалери.
Новиот тренер на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, го посочил 25-годишниот Витиња како една од приоритетните цели во реконструкцијата на средниот ред, која стана неопходна по заминувањето на Лука Модриќ и повлекувањето на Тони Крос.
Со заминувањето на двете легенди, Реал има потреба од фудбалер кој ќе го контролира темпото на игра и ќе има способност да пробива низ противничките линии – нешто што до неодамна беше задача на Модриќ и Крос. Токму затоа интересот за Витиња не е изненадување.
Во тимот на ПСЖ, под водство на Луис Енрике, Витиња се етаблира како незаменлив играч и клучен елемент во средниот ред на парижани.
Според информации од Франција, Манчестер Сити нема намера да се раздели со Родри, кој првично бил главната цел на Алонсо. Тоа го натерало тренерот на Реал да го пренасочи фокусот кон Витиња, но ПСЖ јасно ставил до знаење дека нема да го продаде за мала сума.
Доколку Реал одлучи да ја прифати бараната цена од 130 милиони евра, трансферот би станал најскапата продажба во историјата на ПСЖ, надминувајќи го досегашниот рекорд поставен со заминувањето на Нејмар. Дополнително, оваа зделка би го надминала и најскапиот трансфер во историјата на Реал, оној на Еден Азар од Челси за 115 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













