Навивачите на Шкендија повторно го нарушија спортскиот амбиент на Националната арена „Тодор Проески“, и покрај јасните апели за фер и спортско навивање без политички и националистички пораки, дури и од првиот човек на клубот, Лазим Дестани.
Во текот на второто полувреме од натпреварот против Карабах, од трибините гласно се слушаа скандирања поврзани со „Илирида“, повици за „Голема Албанија“, „Чемерија“…
Навивачката група „Балисти“ го почна скандирањето, но потоа националистичките пораки беа прифатени и од најголемиот дел од гледачите на стадионот.
Министерството за внатрешни работи, кое веќе најави дека ќе ги истражи и санкционира евентуалните националистички испади, како што тоа го стори неодамна по инцидентите на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово, сега треба сериозно да се занимава и со овие немили појави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













