Милан официјално го претстави Ардон Јашари како ново засилување во средниот ред, кој доаѓа од белгискиот Клуб Бриж.
Швајцарскиот репрезентативец, кој има 23 години, пристигнува за вкупна сума од околу 39 милиони евра – што претставува најскап трансфер во историјата на белгиската лига. Претходно Бриж одби неколку понуди од Милан пред да се постигне договорот.
Now, it’s official. Ardon is one of us! 🔴⚫ #WelcomeJashari
— AC Milan (@acmilan) August 6, 2025
Јашари потпиша договор до 2030 година и ќе го носи дресот со број „30“. Тој е третото засилување во средниот ред на „росонерите“ летово, по ангажманите на Лука Модриќ и Самуеле Ричи.
Минатата сезона Јашари беше прогласен за најдобар играч во белгискиот шампионат. За Бриж одигра вкупно 52 натпревари, постигна четири гола и запиша шест асистенции. Од минатата година е дел од тимот, а досега има и четири настапи за швајцарската репрезентација.
Инаку Ардон Јашари има македонско потекло, со оглед дека неговите родители потекнуваат од Куманово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лео Меси си купи фудбалски клуб во Шпанија













