Францускиот интернационалец Антоан Гризман по завршувањето на Европското првенство би требало да ја напушти Барселона и да се пресели во Јувентус. Каталонскиот весник „Спорт“ ја пренесува сензационалната вест дека напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, од ова лето ќе игра во Серија А.
Според „Спорт“, тој треба да го замени Кристијано Роналдо во нападот на Јувентус.
Хоан Лапорта сака да го продаде францускиот репрезентативец кој има договор со Барселона до 2024 година, а зема огромна плата на „Камп Ноу“. Тој не успеа да ги оправда вложените средства откако дојде до Атлетико Мадрид.
Гризман оваа сезона одигра 50 натпревари за каталонскиот клуб, постигна 19 гола и запиша 12 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













