Шампионот на Втората лига – Исток, тимот на Брегалница, кој на доминантен начин обезбеди пласман во Првата фудбалска лига, денеска беше на прием кај градоначалникот на Штип, Сашко Николов, во Општина Штип.

Градоначалникот искажа задоволство од успехот на спортската гордост на Штип кој е изграден и со заедничка соработка меѓу ФК Брегалница со Општина Штип.
„Благодарност до фудбалерите, стручниот штаб и раководството, што не направија повторно горди и го вратија фудбалот на славните патеки. Посакуваме уште трофеи и во македонската елитна лига“, истакна градочалникот Сашко Николов на средбата со фудбалерите на Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













