Барселона ја загуби трката за титулата во Ла Лига, а тоа е знак за комплетно реновирање на составот за следната сезона. Една од причините за тоа е и лошата финансиска ситуација во која се наоѓа клубот поради пандемијата на коронавирусот.
Претседателот Хоан Лапорта одлучи да ги стави на трансфер – листа трите најскапи засилувања кои пристигнаа на „Камп Ноу“ во изминатите сезони, Антоан Гризман, Осман Дембеле и Фелипе Кутињо. На нив плати преку 500 милиони евра во изминатиот период. Покрај нив треба да заминат и Пјаниќ, Нето, Умтити, Жуниор Фирпо, Рики Пуиг, Матеус и Брајтвајт.
Покрај ова, Барселона ќе разговара со Жерар Пике, Жорди Алба, Серхио Бускетс и со Серхи Роберто за намалување на платите, а доколку не прифатат таква солуција и тие ќе можат да си заминат.
Засега клубот одреди дека Тер Штеген, Мингеза, Араухо, Педри, Де Јонг, Ансу Фати, Илаиш и секако Меси, кој се уште нема потпишано нов договор, а актуелниот има важност само уште 40 дена, ќе останат во составот и следната сезона.
Договорени се засега две засилувања, Серхио Агуеро и Мемфис Депај кои треба да пристигнат како слободни агенти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal