Беласица следната сезона ќе настапува во Втората лига Исток, одамна го загуби местото во елитата како последнопласиран тим на табелата, а завршува соработката и со рускиот тренер Андреј Чернишов. Спортскиот директор на струмичани, Бојан Захариев, кој на половина сезона влета во Беласица со мисија да го спасува клубот од испаѓање, го испрати Андреј Чернишов до скопскиот аеродром.
Прва опција на Захариев беше Ѓоре Јовановски, но тој брзо сфати каква е ситуацијата во клубот и замина. Сепак, мисијата на раководството на Беласица е исполнето ако се знае дека младиот Бесар Гуџуфи е продаден во Бешикташ за 500.000 евра по само неколку месеци во дресот на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













