
Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, кој вчера беше уапсен од полицијата на Босна и Херцеговина, е ослободен, но е забрането да ја напушта земјата.
Судот на Босна и Херцеговина донесе одлука Мамиќ да остане на слобода, но неговите лични документи се привремено одземени и тој ќе мора да се јавува во полицијата еднаш неделно.
Полицијата на БиХ вчера го уапси Зоран Мамиќ во Меѓугорје, врз основа на потерницата распишана за него од Хрватска. Мамиќ беше осуден на четири години и осум месеци затвор за повлекување пари од Динамо Загреб. Тој претходно потврди дека има и државјанство на БиХ и замоли таму да ја издржува затворската казна што му беше изречена во Хрватска.
Судот на Босна и Херцеговина не расправаше за можната екстрадиција на Зоран Мамиќ, бидејќи Хрватска сè уште нема испратено вакво официјално барање. Загрепскиот суд издаде потерница за Мамиќ на 12 мај, откако тој не замина на издржувањето на казната.
Зоран Мамиќ неодамна побегна во БиХ, каде што е и неговиот брат, поранешниот предводник на Динамо, Здравко Мамиќ, кој е осуден на шест и пол години затвор во истиот случај.
Двајцата беа осудени за извлекување на 116 милиони куни (15,5 милиони евра) од Динамо Загреб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
