
Академија Пандев обезбеди опстанок во Првата лига, а струмичкиот тим сега ќе се обиде и да стигне до трофеј оваа сезона. Вечерашното финале на Купот на Македонија е можност и за Академија Пандев, но и за ривалот Силекс, да обезбедат и излез на европска сцена.
Капитенот Ѓорѓи Стоилов се надева дека „пандевци“ ќе го задржат трофејот во витрините. Тие се последни освојувачи, со оглед дека минатата сезона натпреварувањето беше прекинато поради пандемијата на коронавирусот.
„Мотивирани сме максимално да го задржиме трофејот во витрините. Имаме максимален респект за Силекс, но мислам дека Академија Пандев апсолутно има квалитет за да слави во вечерашното финале. Знаеме дека не очекува тежок натпревар, но сите во тимот веруваме во успех“, истакнува капитенот Стоилов.
Финалната пресметка во Купот на Македонија се игра вечерва (19 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија на мечот ќе биде интернационалецот Александар Ставрев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
