Секогаш има инспирација да ја затресе противничката мрежа, но некогаш му е потребен и вистински предизвик за да покаже колку навистина умее. Бесарт Ибраими за едно полувреме ја растури Македонија ЃП, подели две асистенции за Елези и за Дориев, а потоа и самиот постигна гол за убедливи 3-0. Во вториот дел Шкендија ја дозаврши работата и славеше со фантастични 5-0.
Бесарт Ибраими блескаше и заслужи да биде избран за МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 14.коло во Првата фудбалска лига. Врвниот стрелец покажа дека може да биде и одличен асистент, тимски играч, предводник на Шкендија.
Во следното коло за Ибраими и соиграчите следи нов предизвик, гостување во Велес и дуел против Борец.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski