 
																												
														
														
													Струга Трим Лум оствари историски пласман на европска сцена, Академија Пандев обезбеди директен опстанок. Шкендија одамна ја прослави шампионската титула, а вчера се избламира со очајна организација откако дозволи навивачите да влезат на стадионот, па и на теренот, расипувајќи го шоуто при добивање на пехарот. Шкупи сигурно го освои второто место, а од лигата испаднаа Вардар и Беласица. Ренова и Силекс ќе мораат да играат бараж за да обезбедат опстанок во елитата.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 33.коло од Првата лига.
- АРТАН ИЉАЗИ (ШКУПИ)
 Имаше неколку одлични интервенции во дуелот против Шкендија.
- МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
 Агилен по десната страна, одигра квалитетно во последниот дуел од сезоната.
- КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Стоперот кој умее да се претвори и во играч за врска, па дури и напаѓач, кога тоа му е потребно на тимот. По исклучувањето на Алтипармаковски доби многу поофанзивна улога во тимот и беше најзабележителен во историскиот триумф на Струга Трим Лум.
- КОСТА МАНЕВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
 Стандардно квалитетен во одбраната, а успеа да го отвори резултатот и да ја најави победата за Академија Пандев во решавачкиот меч за обезбедување опстанок.
- АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
 Без него играта на Шкендија едноставно не може да се замисли. И на последниот меч докажа дека е „моторот“ на шампионот.
- АЛИ АДЕМ (ШКУПИ)
 По доаѓањето на Гоце Седлоски се препороди, доби првотимски статус и покажува дека е еден од најдобрите играчи за врска во шампионатот. Постигна и гол против Шкендија.
- ФИЛИП ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
 Го искористи киксот на младиот голман на Вардар, беше присебен, донесе водство, одигра квалитетен меч за Македонија ЃП.
- БУНЈАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
 Беше неуморен во средниот ред, постојано притискаше во офанзива и бараше победнички гол за Струга Трим Лум иако тимот беше со фудбалер помалку.
- ОМАР ГОУДИЈАБИ (ПЕЛИСТЕР)
 Изведе уште една мајсторија против Беласица и го заслужи местото во најдобриот тим на колото.
- ДАНИЕЛ МИЛОВАНОВИЌ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
 Двоен стрелец за Академија Пандев во решавачкиот меч за опстанок.
- ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
 Одигра половина час на гостувањето во Гостивар, но го постигна израмнувачкиот гол за Работнички на дуелот со Ренова.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
Успеа да ја оствари посакуваната победа за Струга Трим Лум на гостувањето против Силекс и да обебеди прв историски пласман на европска сцена за струшкиот клуб. И покрај тоа што повеќе од еден час тимот играше со фудбалер помалку, офанзивната стратегија не се промени, а Захариевски бараше агресивност и максимална борбеност од фудбалерите. На крајот, тоа беше победничка формула.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														