Работнички во последното 33.коло денеска гостува во Гостивар каде ќе ги одмери силите со Ренова. Големиот талент Лука Станковски, кој по завршувањето на сезоната ќе отпочне интернационална кариера и ќе замине во италијанскиот клуб Момца, сака со убаво издание да се збогува од дресот на Работнички.
„Работнички на секој натпревар оди на победа, ќе биде така и на денешниот натпревар против Ренова, без калкулации, чесно и храбро, затоа што гордост е да се носи дресот на овој клуб. За мене ќе има и посебно значење затоа што се збогувам и почнувам едно ново поглавје во кариерата. Секој момент од дресот на Работнички ќе го паметам засекогаш. Ренова е квалитетен тим и сигурно ќе треба да го дадеме максимумот ако сакаме да извлечеме позитивен резултат“, вели Лука Станковски за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Ренова и Работнички ќе се одигра на стадионот во Гостивар, а ќе го суди Александар Ставрев. „Гипсарите“ се обидуваат да избегнат бараж, но многу ќе зависат и од другите резултати, додека Работнички секако ќе биде петтопласиран на крајот од шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













