
Последен чекор до целта. Струга Трим Лум во финишот од првенството направи неколку големи чекори и ја престигна Македонија ЃП во трката за освојување на третото место на табелата кое води во Европа. Но, денеска е денот а одлука, а стружани мора да го освојат Кратово за да минат низ целта пред „лавовите“.
Свесен е за тоа и капитенот на Струга Трим Лум, Фљамур Таири, кој вели дека ова е можеби најважниот натпревар во историјата на клубот. Но, и Силекс се бори да избегне бараж за опстанок.
„Не чека многу тежок натпревар против силен противник, но овој дуел е многу важен за нас бидејќи со победа би се пласирале во европските купови. Тоа би бил историски резултат за нашиот клуб по само две сезони во Првата лига. Фокусирани сме максимално и се надеваме на најдобро“, изјави Фљамур Таири.
Македонија ЃП има релативно последна задача на теренот, да ги освои бодовите против демотивираниот тим на Вардар кој е веќе испаднат во второлигашка конкуренција. Но, „лавовите“ не зависат сами од себе, туку и од резултатот во Кратово.
Шкендија во Тетово ќе ја слави титулата на дуелот против второпласираниот Шкупи и сигурно ќе сака уште еднаш да го докаже квалитетот.
Ренова во Гостивар го пречекува Работнички, а Академија Пандев е домаќин на Борец во обидот за избегнување на бараж за опстанок во елитата. Пелистер има обезбеден опстанок, а во последното коло ќе ја пречека Беласица.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
