
Вардар и официјално е второлигаш, Шкендија и „пресуди“ на Македонија ЃП на сметка на Струга Трим Лум во битката за Европа, а Борец во директна пресметка обезбеди опстанок на дуелот со Ренова.
Работнички покажа квалитет на мечот со Силекс, а Пелистер одолеа на Шкупи.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 32.коло во Првата фудбалска лига.
- ФИЛИП ТРАЈЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Имаше одличен настап против Шкупи, одбрани неколку одлични удари упатени кон неговиот гол, а Пелистер успеа да освои бод. - ИГОР ПАНОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
Постигна погодок уште на самиот старт и го отвори резултатот трасирајќи го патот до троумфот за „пандевци“. - ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одличен, цврст, бескомпромисен, секогаш навремен во блокот пред голот на Пелистер. - ВАНЧЕ ШИКОВ (БОРЕЦ)
Искуството и квалитетот што го донесе Ванче Шиков му обезбедија опстанок на велешкиот прволигаш. - АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)
Одличниот играч за врска на Шкендија имаше импресивен настап против Македонија ЃП и го постигна победничкиот гол во 90.минута. - ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Младинскиот репрезентативец покажува дека е еден од најдобрите играчи во средниот ред во македонскиот шампионат, одличниот настап за Работнички го зачини и со гол. - ЕДИ БАША (БОРЕЦ)
Беше перманентна опасност за Ренова, а во финишот ја потврди значајната победа на Борец. - ФАХРУДИН ЃУРЃЕВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Асистираше, реализираше и беше еден од главните инспиратори за триумфот на Работнички против Силекс. - АЛЕКСАНДАР МИШОВ (БОРЕЦ)
Стрелец на водечкиот гол за Борец против Ренова, во директната пресметка за опстанок. - МАРИО СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Од коло во коло покажува дека е голгетер со вродено чувство за погодок. Умее да се снајде во секоја ситуација и да ја надмудри одбраната. Го стори тоа и против Силекс. - БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Двоен стрелец против Македонија ЃП, искусниот напаѓач знае да ја казни секоја грешка на противничката одбрана.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: БОРЧЕ ХРИСТОВ (БОРЕЦ)
Одличен тактичар, умее да го извлече најдоброто од фудбалерите што ги има на располагање и со триумфот над Ренова ја оствари зацртаната цел – Борец обезбеди опстанок во елитата. Дојде во турбулентен период и со напорна работа многу брзо ги склопи коцките од мозаикот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
