
Челси се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако го елиминира Реал Мадрид во полуфиналната пресметка. По ремито (1-1) во Мадрид, англискиот тим синоќа славеше со 2-0 на „Стемфорд бриџ“.
Менаџерот Томас Тухел е задоволен од изданието на неговиот тим во полуфиналето.
„Стануваме тим од кој сите се плашат. Бевме силни, особено во второто полувреме. Бевме фокусирани на победа во текот на целиот меч. Ова е голем успех и му честитам на тимот. Сега треба да се подготвиме за големото финале”, изјави Томас Тухел.
Германецот е првиот тренер кој две години по ред ќе биде дел од финалето, но со различни тимови. Минатата година тој го предводеше ПСЖ и загуби во финалето од Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
