
Централниот кризен штаб донесе одлука да ги олабави мерките и го скрати времетраењето на полицискиот час, а по ова реагираше и Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија. Променет е терминот за почетокот на натпреварите претстојниот викенд и наместо 13 часот, прволигашки и второлигашки фудбал ќе се игра од 16 часот.
Мечевите од 26 коло во двете втори лиги (сабота) и средбите од 32.коло во ПМФЛ (недела) ќе започнат во 16 часот.
Во периодот кога мерките се максимално олабавени на спортистите се уште им се бараат ПЦР тестови пред секое одиграно коло. Фудбалската федерација на Македонија и овојпат ќе ги плати сите ПЦР тестови на фудбалерите, тренерите и на службените лица за натпреварите во Првата лига и во двете Втори лиги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
