
Голманот на Милан и италијански репрезентативец Џанлуиџи Донарума вчера пред натпреварот со Беневенто имал непријатна средба со ултрасите на клубот. Како што открива „Кориере дела Сера“ тој си заминал во солзи.
Голманот сè уште не го продолжил договорот, кој истекува ова лето, а според извештаите од Италија, еден од клубовите со кој преговара е Јувентус.
Милан и Јувентус во моментов се борат за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а следната недела ќе играат еден против друг во Торино. Затоа навивачите му „наредиле“ на Донарума да не игра на тој натпревар доколку во меѓувреме не потпише нов договор.
Голманот им објаснил на тифозите на Милан дека сè уште не одлучил ништо, дека сака да остане и инсистира самиот да донесе одлука за неговата иднина. Сепак, заминал со солзи во очите откако добил „забрана“ за да биде на голот на дербито со Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
