
Иднината на Мохамед Салах од неодамна стана главна тема на англиските медиуми со оглед дека актуелниот договор на крилниот напаѓач истекува во лето 2023. Во случај како неговиот, клубот би сакал да го продолжи договорот на фудбалерот пред да влезе во последните две години од актуелната соработка.
Сепак, тоа очигледно сè уште не е случај со Ливерпул и неговата ѕвезда. Египетскиот фудбалер за “Скај Спортс” изјави: “Немам разговарано со никого од клубот за потпишување на нов договор, па затоа не можам да кажам многу за тоа. Мене никој ништо не ми кажува во клубот, искрено, не знам”.
Се верува дека 28-годишниот фудбалер сака да остане на “Енфилд Роуд”, но не е задоволен од летаргичноста и бавното темпо на преговорите. Како резултат на тоа, не е ни чудно што во изјавата на Мо се чувствува и очигледна фрустрација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
