
Нејмар ќе биде повторно во центарот на внимание и ова лето, бидејќи Барселона го постави како приоритетна цел за време на трансфер периодот што следи, тврдат шпанските медиуми. Се верува дека причината поради која Бразилецот сè уште официјално не го продолжил договорот со ПСЖ, е фактот дека во меѓувреме преговора и со преставници на неговиот поранешен клуб, Барса.
Наводно, и покрај сите изјави за останување во Франција, Нејмар навистина сака да се врати на “Камп Ноу” и подготвен е да прифати значајно намалување на платата со цел да се реализира трансферот.
Бразилскиот репрезентативец не ја крие својата желба повторно да заигра со Лионел Меси и претседателот на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта, би сакал тоа да се случи што е можно поскоро. Сепак, најтешкиот дел ќе биде да се седне на преговарачка маса со Французите бидејќи тие сè уште не планираат да ја продадат 29-годишната ѕвезда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници
