Connect with us

Мингеза останува во Барса до 2023 година, доби откупна клаузула од 100 милиони евра

Оскар Мингеза го продолжи договорот со Барселона до летото 2023 година, според официјалната веб-страница на клубот. Барса воопшто не се двоумеше да ја активира клаузулата во претходниот договор на младиот Шпанец, што му овозможува продолжување на престојот на “Камп Ноу” за уште најмалку две години.

Дефанзивецот стави потпис на новиот договор со присуството на претседателот Хоан Лапорта. Клаузулата за откуп на Мингеза сега е поставена на огромни 100 милиони евра.

И покрај нестабилните настапи во последно време, талентираниот дефанзивец од “Ла Масија” го импресионираше клубот во својата дебитантска сезона во првиот тим, каде досега има 36 настапи во сите натпреварувања. Досега, тој успеа да постигне два погодоци, и да асистира за додатни три.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови