Connect with us

Чави го менува Куман на клупата на Барселона во случај на неуспех во Ла Лига

Чави Хернандез ќе го замени Роналд Куман како тренер на Барселона, доколку каталонците не успеат да ја освојат титулата во Ла Лига оваа сезона, се вели во шпанските медиуми. Наводно, Барса веќе го контактирала тековниот менаџер на Ал Сад, а тој би прифатил враќање на “Камп Ноу”, овојпат како искусен стратег.

Шпанската легенда имаше врвен почеток на својата тренерска кариера, освојувајќи шест трофеи со катарскиот тим. Тој, исто така, ја заврши својата прва сезона без ниту еден пораз.

Барселона, во моментов, се наоѓа на трето место во Ла Лига, со два бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид. Останаа уште пет одлучувачки натпревари од оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови