Connect with us

Јувентус и Милан во трка за Ван де Бек

Италијанските калчолигаши Јувентус и Милан сакаат да го доведат Дони ван де Бек во Серија А. Тој е незадоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед.


23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер – лигата, а на „Олд Трафорд“ пристигна за 40 милиони евра.


Јувентус сака да го реновира средниот ред за следната сезона и подготвен е да понуди 25 милиони евра. Милан исто така би ја израмнил оваа понуда.


Ван де Бек исто така сака да направи промена во кариерата и да добие шанса за многу поголема минутажа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови