
Пари Сен Жермен најверојатно и оваа сезона нема да стигне до пехарот во Лигата на шампионите откако загуби на „Паркот на принцовите“ од Манчестер Сити со 1-2 во првиот полуфинален натпревар. Ова секако го фрустрира претседателот на клубот Насер Ал Келаифи кој има спектакурален план за следната сезона.
Во периодот на глобална финансиска криза поради пандемијата со коронавирусот, ПСЖ е можеби и клубот со најстабилни финансии, па првиот човек Ал Келаифи сака да ги има во ист тим најголемите фудбалски ѕвезди на 21.век, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Планот на ПСЖ е да го продаде Килијан Мбапе, трансфер од кој сигурно ќе заработи 150 милиони евра, а во Париз да ги доведе Меси и Роналдо. Аргентинецот на лето е слободен агент и иако преговара со Барселона за продолжување на соработката, ПСЖ е подготвен да му даде огромна плата. Роналдо е на излезна врата од Јувентус иако има актуелен договор, а калчолигашот е подготвен да го пушти за мала отштета од 25 милиони евра само за да се ослободи од неговата огромна плата, 31 милион евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
