Се поизвесно е дека Џенаро Гатузо ќе си замине од функцијата главен тренер на италијанскиот калчолигаш, Наполи. Но, се чини дека познатиот стратег веќе си обезбедил нов ангажман.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо се наоѓа на врвот на листата на желби на претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, за следната сезона. Всушност, челниците на “виолетовите” веќе стапиле во контакт со поранешниот играч за врска, кој пак побарал гаранции за проектот на тимот од Фиренца.
Тој побарал од клубот да им ги продолжи договорите на Бартоломеј Драговски, Никола Миленковиќ и Герман Пецела, кои истекуваат во јуни 2022 година. Гатузо, наводно, сака Фиорентина да го задржи и Душан Влаховиќ, со оглед на тоа што српскиот напаѓач се поврзуваше со трансфер во Милан во последните неколку седмици, а неговиот сегашен договор истекува во јуни 2023 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski