Управниот одбор на Милан во текот на вчерашниот ден имаше состанок со Фикајо Томори за да разговара за неговата иднина со италијанскиот клуб, според Фабрицио Романо.
Челзи, наводно, не е подготвен да отстапи од договорената сума за откуп на договорот од 28 милиони евра. Сепак, како што тврди италијанскиот новинар, конечната одлука за иднината на англискиот репрезентативец ќе биде донесена на крајот на сезоната. Се верува дека средствата од продажбата на Томори, „сините“ ќе ги искористат за доведување на нов напаѓач со оглед на формата во која се наоѓа Тимо Вернер.
“Росонерите”, исто така, се состанале и со претставниците на играчот за врска на Фејнорд, Оркун Кокчу. Романо додава дека таткото на репрезентативецот на Турција бил забележан во седиштето на клубот, Каза Милан. Холандскиот тим е се наоѓа во тешка финансиска криза, па сериозно размислуваат за продажба на некои од нивните најталентирани млади фудбалери.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski