Connect with us

Нејмар: Останаа 1% шанси и 99% верба

Пари Сен Жермен го загуби (1-2) првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Паркот на принцовите“ славеше Манчестер Сити, а Бразилецот Нејмар верува дека „светците“ сепак можат да возвратат на реваншот и да се пласираат во финалето.

„Ја загубивме битката, но војната продолжува во Манчестер. Има уште еден меч пред нас и сигурен сум дека можеме да одговориме на соодветен начин. Сега останаа 1% шанси, но имаме 99% верба. Ќе успееме и ќе одиме во посакуваното финале“, изјави Нејмар по поразот од Манчестер Сити.

Реваншот се игра на 4 мај на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови